Левиот бек на Фленсбург, Горан Согард Јоханесен ќе го пропушти претстојното Европско првенство поради проблем со повредата која беше санирана со операција .
Горан Јоханесен е пехист кога се во прашање големите натпреварувања. Јоханесен се мачи со повреда на препоните, поради која ги пропушти Олимписките игри во Токио, а единствено решение беше операцијата на која беше подложен.
Докторот на норвешката ракометна репрезентација Томас Торгалсен потврди дека Јоханесен бил опериран во Берлин и се проценува дека ќе му бидат потребни четири до пет недели пред да почне да тренира.
Бидејќи Европското првенство е премногу блиску, Јоханесен нема да биде подготвен и ќе го пропушти ова натпреварување.