Избраниците на селекторот, Раде Стојановиќ групната фаза ја завршија со три убедливи победи (Турција, Косово и Летонија) и како првопласирани се најдоа на чекор до финалето. На другата страна Луксембург во полуфиналето се пласира од второто место во својата група, па токму овој биланс ја прави Македонија фаворит во оваа пресметка.
Целта на кадетската репрезентација на овој Шампионат е да го освои првото место, кое носи виза на Светското првенство У-19 идното лето и Европското У-20 за две години.
Мечот меѓу Македонија и Луксембург можете да го гледате на следниот ЛИНК.