Македонската кошаркарска репрезентација со победа го отвори Европското првенство У16 кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ на стартот ја совладаа селекцијата на Црна Гора, меч во кој водеа со 17 поени разлика, па на крајот успеаја да го добијат по голема драма. Кошаркарите во клучните моменти покажаа храброст и одлучност, се бореа за секоја топка, па победата е повеќе од заслужена.
Пред нашите млади кошаркари денеска стои нов предизвик. Грција е вториот противник во групната фаза. Станува збор за тим кој вчера и одржа лекција на Шпанија, и тоа убедлива. Сепак овој факт не треба да ги плаши „црвено-жолтите“, напротив треба да биде голем мотив.
Дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот во СЦ „Кале“, нашите надежи и на оваа средба ќе имаат голема поддршка од трибините.
ЛИНК на кој ќе можете да го следите натпреварот во живо…