Машката сениорска репрезентација на Македонија по седми пат ќе се соочи со својот ривал овој петок во Скопје. Втор официјален, затоа што пет од нив се водат како пријателски.

Секако, оној кој „се брои“ во историјата, е она незаборавно полуфинале на Евробаскетот 2011, во Каунас, а за триумфот „потпишан“ од неверојатниот Хун Карлос Наваро и неговите за нас, кобни 35 поени.

Денешниот натпревар во Скопје ќе биде првиот натпревар меѓу Шпанија и Македонија, на наш терен. Останатите пет беа пријателски, сите се играа на шпанско тло. Односно се играше во Фуенлабрада, Сантијаго де Компостела, Леон, Мадрид и Логроњо.

Натпревар кој можеби беше најзначаен за Македонија беше оној што се одигра во 2011 година во Каунас, полуфиналето на Евробаскетот, запаметен по големата битка со Шпанија – која отиде во финалето, а два дена подоцна и до златен медал.

Тогаш немавме лек за Хуан Карлос Наваро, кој на паркетот мина 36 минути и заврши со 35 поени.

ИСТОРИЈАТ НА ДУЕЛИТЕ: ШПАНИЈА-МАКЕДОНИЈА

Пријателски, 1999 – Фуенлабрада: Шпанија – Македонија    74:66

Евробаскет,  2011 – Каунас: Шпанија – Македонија       92:80

Пријателски,  2013 – Сантијаго де Компостела: Шпанија – Македонија     66:61

Пријателски, 2013 – Леон: Шпанија – Македонија          77:55

Пријателски, 2015 – Мадрид: Шпанија – Македонија     94:63

Пријателски, 2015 – Логроњо: Шпанија – Македонија   88:54