Светската таеквондо организација Кукивон, со седиште во Јужна Кореја, му оддаде голема почит на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Човекот кој беше најмоќниот политичар во светот го доби едно од најголемите признанија досега во светот на боречките вештини, иако никогаш не го практикувал тоа.
Имено, Кукивон на Трамп му подари почесен црн појас. Ваквиот гест не е реткост, туку е нормален знак на внимание кон политичарите и другите познати личности кои го промовираат спортот. Она што е спорно е дека Трамп на доби црн појас 9ти дан, што е признание кое се доделува само на најголемите мајстори на таа вештина и кое досега го заслужиле само неколку луѓе во светот.
Трамп никогаш не ни тренирал теквондо, а Кукивон во објава на Фејсбук напиша дека тоа не е политичка порака. Од друга страна, 75-годишниот бизнисмен и политичар рече дека му претставува голема чест што го добил овој појас.
Интересно е што истиот појас го има и рускиот претседател Владимир Путин. Така, овие двајца политичари се пред Чак Норис, кој како голем мајстор за боречки вештини го има појасот „само“ за 8-ми дан.