Тренерот на младинскиот боречки тим на Дагестан, Арсланбек Алиев стана херој откако неодамна спаси животи на неколку луѓе во запален автомобил.
Алиев неодамна беше во Москва кај негов пријател и веднаш реагирал откако забележал запален Мерцедес, кој претходно се удрил во една зграда.
Автомобилот почнал да гори, а тренерот со помош на останатите минувачи го скршил стаклото и извлекол шест лица, но за жал загинале возачот и совозачот.