Египет го почна одлично првиот сет и создаде предност од 13-1, по што Македонија почна да се буди и намали на 16-18, но сепак немаше сила за пресврт (20-25).
Во вториот сет македонските одбојкарки доминираа и го добија сетот со 25-11 за 1-1, но сепак Египет повторно го врати водството, откако го доби третиот сет со 25-19.
Македонските одбојкарки играа добро во четвртиот сет и во завршницата влегоа со водство од 21-19, но потоа Египет влезе во серија и со пресврт стигна до 25-23.
Најдобра во тимот на Египет беше Фарида Еласкалани со 16 поени, додека кај Македонија најефикасна беше Теа Терзиевска со 19 поени.
Следен натпревар за македонските репрезентативки е на 27 јуни против Тунис.