Јапонскиот бејзбол играч Шохеи Отани ќе му се приклучи на Лос Анџелес доџерс, со кој се договори за 10-годишна соработка вредна неверојатни 700 милиони долари.

Јапонецот во моментов е најдобар бејзбол играч во светот, а во претходните пет години играше за Лос Анџелес Ејнџелс.

Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Новак Ѓоковиќ и другите светски спортски ѕвезди можат само да сонуваат за она што го добил најдобриот светски безбол играч.

 

Отани го потпишува најголемиот договор во историјата на американскиот спорт, кој е всушност за 300 милиони долари поголем од претходниот рекорд.

„Ветувам дека ќе работам напорно и ќе продолжам да давам сè од себе за да бидам најдобра верзија. До последниот ден од мојата кариера сакам да напредувам“, напиша Отани на социјалните мрежи.

Јапонецот Шохеи Охтани го „издаде“ својот тим и испиша нова спортска страница. Според многумина, најдобриот бејзбол играч на денешницата потпиша десетгодишен договор со Лос Анџелес Доџерс, најголемиот ривал на неговиот претходен МЛБ тим, Лос Анџелес Ејнџелс!

Охтани игра како фрлач и назначен напаѓач, кои се практично двете најважни позиции во тимот, а во следните десет години во Доџерс ќе заработи неверојатни 700.000.000 долари. Покрај „ангелите“, кои се обидуваа да го задржат, тој имаше понуди и од Торонто Блу Џејс, Сан Франциско Џајантс, па дури и од Чикаго Кабс, но ги избра Доџерс, со што не изненади многумина.

Овој тим е познат не само по огромните договори со кои со години им „краде“ играчи на ривалите, туку и по тоа што е пионер кога се во прашање странските играчи. Првиот МЛБ играч од Јапонија беше Хидео Номо со Доџерс, првиот Кореанец Чан Хо Парк и првиот тајвански бејзбол играч во лигата Чин Фенг Чен беа во Доџерс. Исто така, првиот црн играч во МЛБ, Џеки Робинсон, играше за Доџерс, иако тие во тоа време играа во Бруклин.

На Охтани минатата година „ангелите“ му понудија десетгодишен договор вреден 605.000.000 долари, што тој категорично го одби. Веќе требаше да биде најголемиот договор во спортската историја, но јасно му беше дека од друго место може да извлече повеќе. И тоа му успеа.

Охтани има 29 години, а кариерата ја започна во родната Јапонија во Хокаидо. Тој играше таму четири години, а во САД дојде во 2018 година кога беше најдобар фрлач. Во претходните две сезони беше Ол Стар, а во 2021 година го освои трофејот МВП на американската лига. Во репрезентативната кариера, најголем успех му беше златото на Светското првенство во 2023 година. Јапонија тогаш не го започна добро натпреварувањето, но на крајот во финалето ги победи САД со 3-2 и го освои златото.

https://twitter.com/JoePompliano/status/1733580152850755852/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1733580152850755852%7Ctwgr%5E4f7b825465db4830c4b344c5e5bc1cc2ca2cf204%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Folimpizam%2Fpotpishan-najgolemiot-dogovor-vo-istorijata-na-amerikanskiot-sport-700-milioni