Баер Леверкузен остана непоразен во дербито со Штутгарт (1-1) и така ја продолжи низата без пораз, а истовремено ја зголеми и бодовната разлика во однос на најблискиот до него, Баерн Минхен.
„Фармацевтите“ имаа негатива, но гостите од Леверкузен успеаја да се спасат во вториот дел и така и по 14 одиграни натпревари во Бундеслигата не знаат за неуспех. „Швабите“ поведоа први преку Фухрих во 40. минута.
На самиот старт на вториот дел, во 47. минута, Леверкузен израмни преку Вирц (1-1). Само две минути подоцна имаше шанса за пресврт, но шутот на Џака ја затресе стативата. Штутгарт беше безопасен, па ремито е реален исход.
Леверкузен со овој бод ја зголеми разликата во однос на Баерн Минхен. Лидерот има 36 бода, четири повеќе од актуелниот првак на Германија кој ова коло доживеа дебакл кај Ајнтрахт Франкфурт..