Јамал само со 16 години постигнува голови за Барселона и веќе сруши неколку рекорди од кои дел беа токму во сопственост на Меси. Ова момче е од татко од Мароко, а мајка му е од Екваторијална Гвинеја, но Ламин е роден во мало градче во близина на Барселона.
Сезонава Јамал веќе постигна три гола во првенството, а од минатата сезона е дел и од шпанската репрезентација, каде што во четири натпревари има два погодоци.
„Луѓето за него слушнаа пред неколку месеци, но јас го знам добри шест години. Уште од времето кога започнуваше да биде дел од детската лига. Паметам кога постигна хет-трик против Реал Мадрид и бев воодушевен од начинот на којшто го направи тоа. Немав дилема дека брзо ќе влезе во сениорскиот тим и ете го сега е таму и игра“, вели Меси за тинејџерот во дресот на Барселона.
Самиот Меси имаше ист почеток на кариерата затоа што во сениорскиот фудбал започна со 16 години исто како што тоа сега го прави Јамал.