На домашен терен, „нераѕурите“ победија со 1-0 во многу тврд натпревар, без многу шанси и без особена динамика. Атлетико, како и обично, се насочи на одбрана на својот гол и малку недостасуваше да успее да го сочува пред реваншот на домашен терен во Мадрид.

Тврдината пред голот на Облак успеа да ја сруши австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ кој влезе во второто полувреме на местото на повредениот Турам, а прптивничката мрежа ја затресе во 79. минута. Во финишот, Интер имаше уште една шанса, за уште поубедлива победа, но не ја искористи.