Фудбалската репрезентација на Словачка направи големо изненадување во групата Е и го совлада фаворитот Белгија со 1-0 во првото коло од Европското првенство (ЕП).

Доку направи голема грешка на почетокот на мечот кога во седмата минута им ја подари топката на ривалите, а Шранц ја затресе мрежата на Белгија за предност од 1-0 на Словачка.

Белгија во продолжение од средбата постојано се закануваше, а голем малер беше Лукаку бидејќи ВАР-технологијата му поништи два гола.

 

Лукаку погоди во 56. минута, меѓутоа видео-системот му го поништи погодокот поради офсајд, а потоа во 86. минута Белгиецот повторно беше стрелец, но ВАР го поништи голот затоа што еден од неговите соиграчи играше со рака во текот на акцијата.

Претходно во групата Е, Романија ја прегази Украина со убедливи 3-0.