Прашање е само на време кога македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе стане играч на минатогодишниот шпански хит Жирона откако вчера се прости со навивачите на Абердин.
Како што известуваат медиумите на Островот, шкотскиот тим за него ќе добие околу 8 милиони евра и со тоа ќе реализира одлична зделка, на финансиски план. Пред две години, Абердин го купи Миовски од МТК за само 650 илјади евра што значи дека за 24 месеци на него ќе заработи дури 12 пати поголема сума.
Новата сезона во шпанското првенство почнува в четврток кога и Жирона излегува на терен, на гостувањето кај Бетис. Засега е неизвесно дали дотогаш ќе биде реализиран трансферот на Миовски и дали ќе биде во составот на каталонскиот тим.