Некогашниот гигант и поранешен европски шампион, фудбалскиот клуб Ајакс за првпат по 22 години ја започна сезоната со четири последователни победи, откако во неделата во рамки од холандскиот шампионат го победи Херенвен со 1-0.
Ајакс претходно победи на три натпревари едноподуго во Оквалификациите за Лига Европа под водство на новиот тренер Франческо Фариоли. Најпрвин двапати ја совлада Војводина (1-0 и 3-1), а потоа и Панатинаикос во Атина (1-0) во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лига Европа.
Четирикратниот европски шампион минатата сезона беше само петти во првенството, не освои ниту еден трофеј, па клубот реши да го доведе Фариоли на тренерската позиција, а засега изборот на 35-годишниот Италијанец се покажува како одличен потег.