Актуелниот хрватски шампион Динамо од Загреб ја оствари втората победа во новата сезона откако славеше на тешкото гостување во Осиек со 2-1.
Херој на загребчани беше поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски кој го постигна победоносниот гол во 95. минута. Искусниот бек натрча на една одбиена топка и ја спроведе во мрежата на домашниот тим за големи три бода на неговиот тим.
Со тоа, Динамо го комплетираше пресвртот на овој меч бидејќи Осиек прв беше во водство, со голот на Педро Лима, а израмни Хоџа.