Кристијано Роналдо по само една сезона повторно ќе го напушти Манчестер јунајтед, објавува „Тајмс“.
Португалецот утре треба да се појави на подготовките на „црвените ѓаволи“, но тој наводно ги информирал челниците на клубот и новиот менаџер Ерик тен Хаг, дека сака да го напушти клубот и бара трансфер. Роналдо, наводно, има желба да игра во Лигата на шампиони а не да се натпреварува во Конференциската лига на УЕФА.
Лани постигна 24 голови во сите натпреварувања. Минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ од редовите на Јувентус, каде играше три сезони, а претходно девет години го носеше дресот на Реал Мадрид.