Англискиот суперталент Џад Белингем, фудбалерот на германска Борусија Дортмунд е еден од најбараните фудбалери во моментов, кој се очекува идното лето да направи спектакуларен трансфер и не е чудо што сите најмоќни и најголеми клубови се тепаат за неговиот потпис.
Белингем даде гол во убедливата победа со 4-1 на „милионерите“ против Севилја и со тоа испиша историја во Лигата на шампионите. Тинејџерот, кој има само 19 години стана првиот фудбалер-тинејџер кој успеал да даде гол на три последователни мечеви во мултимилионската елита.
Дортмунд веќе го процени на безмалку 130 милиони евра и на „Сигнал Идуна Парк“ очекуваат толкава заработка, која би била рекордна. Челзи беше екстремно заинтересиран за него, нормално и најголемите англиски клубови, ама последните информации се дека сака да игра во Реал Мадрид.