Денеска како што е тоа вообичаено кога станува збор за еропските фудбалски натпреварувања е на програмата новото коло од Лигата на Европа.
Во Лига на Европа денес се игра ново коло, а за нас секако најјинтересен дуел ќе биде оној кој што ќе се игра во Истанбул каде што домашниот Фенербахче ќе го пречека тимот на АЕК Ларнака. За домашните во составот би требало да биде Езџијан Алиоски, додека пак стандардно, со години веќе нападот на гостите ќе биде предводен од искусниот Иван Тричковски.
Фенер во моментов има 4 бодови од два меча додека пак АЕК бод помалку. Дуелот директно ќе решава за конечниот пласман во групата.
Енис Барди пак со својот Трабзонспор ќе има исклучително тешка задача на гостувањето во Монако. И двата тима имаат по три освоени бодови и овој дуел може многу да реши.
Конечно, Ердал Ракип на домашен терен ќе го пречека со својот Малме тимот на Унион Берлин кој сезонава игра во фантастична форма но во домашниот шампионат. Во ЛЕ и двата тима сеуште немаат освоени бодови по два одиграни меча.