Барселона со новиот претседател Лапорта, а под водство на Чави ќе биде многу силна екипа во следната сезона.
Јасно е дека ќе има некоја продажба во иднина, но тие се засилени со одлични играчи во секоја линија од тимот, Левандовски го засили нападот, офанзивниот дел од средниот ред го засили Рафиња, Кеси дефанзивниот среден ред а Кристенсен пристигна како засилување за одбраната и нема да биде единствениот.
Покрај него пристигнува и Жил Кунде.
Овој фудбалер на Севиља го одбил Челзи, а причината е неговиот разговор со Чави, кој на крајот го убедил да потпише за Барселона, која најверојатно ќе му понуди стартна позиција.
Овој стопер ќе биде платен 50 милиони, плус уште 10 милиони за бонуси, а договорен е и четиригодишен договор.
Навистина одлична работа на Барселона, во наредните денови очекуваме да се официјализира овој огромен трансфер што може да придонесе за хајка по трофеи.