Сега менаџерот Ерик тен Хаг е во потрага по фудбалер со слични карактеристики како Холанѓанецот од Барселона. Најновите шпекулации велат дека предводникот на „црвените ѓаволи“ го идентификувал Исмаел Бенасер од Милан како идеално засилување во средниот ред.
Алжирецот игра одлично во дресот на „росонерите“ по трансферот од Емполи во 2019 година. Италијанскиот шампион е расположен да го продаде фудбалерот за 45 милиони евра ако наскоро не го убеди да потпише нов договор, бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2024 година.
Манчестер јунајтед е подготвен да му понуди и размена на Милан и тоа со Дони ван де Бек.