Младиот боксер Леонардо Муратовиќ, кој има хрватско потекло, бил избоден до смрт во неделата на плажа во Италија по конфликт во еден ноќен клуб.

Муратовиќ починал на пат кон болница, додека неговиот татко веднаш сакал да го одмазди својот син, па се обидел да убие две лица со нож, но нивната состојба е стабилна.