Легендарниот тешкаш Мајк Тајсон се враќа во рингот на почетокот на следната година.
Според информациите што доаѓаат од САД, „Челичниот Мајк“ во февруари ќе се бори со славниот јутјубер Логан Пол, од кого е 29 години постар.
Тајсон претходно најави враќање во рингот со можност противници да му бидат Логан или Џејк Пол .
-Таа борба е за пари. Тие борби прават пари и тие момци ги гледаат 75 милиони луѓе – изјави неодамна Тајсон.
Последната борба Тајсон (55) ја имаше во ноември 2020 година кога настапи во егзибициски меч со Рој Џонс Јуниор, а натпреварот заврши без победник.
Логан Пол (26) зад себе има меч против Флојд Мејведер, кој заврши нерешено, а претходно загуби во „професионалната“ борба од друг Јутјубер КСИ.