Луис Хамилтон и Макс Верстапен водат голема битка за светската титула во Формула 1, а таа продолжува викендов во Тексас, каде на патеката во Остин се вози трката за ГН на САД.
Веќе на вториот тренинг беше возбудливо кога Хамилтон и Верстапен се најдоа тркало до тркало на патеката, па дојде до краток судир.
На излезот од последната кривина, болидите на Мерцедес и Ред Бул се најдоа еден до друг, а ниту еден од возачите не сакаше да биде тој што ќе попушти и ќе се оддалечи.
Потегот на Хамилтон не му се допадна на Верстапен, па на радио го нарече Британецот идиот, а потоа му покажа среден прст.
Двајцата возачи досега беа вмешани во неколку инциденти во текот на сезоната, а навивачите на Формула 1 се надеваат дека ќе гледаат повторно голем судир на патеката во недела.
Да истакнеме дека возачите на Мерцедес беа најбрзи на првиот тренинг, додека на вториот најдобро време постигна Серхио Перез од Ред Бул.