Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци игра топло-ладно, има неубедливи игри и грешки под водство на Оле Гунар Солскјер. Во последно време и навивачите почнаа да му вртат грб.
Во изминативе две недели климата во англиските медиуми започнаа со нагаѓање кој е во комбинација за нов менаџер на Јунајтед, а денес во неколку е објавено името на неговиот веројатен наследник.
Станува збор за Антонио Конте, италијански стручњак кој моментално е без работа по заминувањето од Интер, а во последните години неколку пати беше поврзуван со Јунајтед.
Се шпекулира дека Конте би можел да ја преземе клупата на Јунајтед во декември со тоа што ќе го има на располагање целиот преоден рок и подготовките за влез во вториот дел од сезоната.