Во дуелот помеѓу Јувентус и Верона славеше тимот од Торино со 3-0 и остана единствен во италијанскиот шампионат со максимален ефект по два одиграни натпревари. Убедливата победа е одлична најава за првото сезонско дерби на Јувентус, против Рома на домашен терен в недела.

Новиот тренер на торинскиот гигант, Тиаго Мота, повторно шанса од првата минута им даде на младите Јилдиз и Мбангула во офанзивата, но главниот збор и на овој натпревар го имаше српскиот ас Душан Влаховиќ. Одличниот центарфор, кој во јануари беше пред заминување од Торино, одново одигра натпревар на врвно ниво и со два гола беше најзаслужен за сигурниот триумф на неговиот тим.

Триумфот го најави и заклучи српскиот репрезентативец Влаховиќ кој го отвори резултатот со гол во 28. и стави точкана победата во 53. минута од пенал. Во меѓувреме, Савона зголеми на 2-0 во 39. минута.