Дебитантот во елитното друштво играше бункер и одолеа на безброј напади, но во самиот крај концентрацијата падна и прими гол во самата завршница. По преку 20 одбранети шута, дефанзивата капитулира во 90. минута, кога голманот Газанига по еден шут на Мендеш си ја пропушти топката низ нозете и дозволи триумф на светците во Париз.

Македонскиот центарфор Бојан Миовски не дебитираше во елитното друштво. Не се најде во стартниот состав, а исто така не доби и шанса од клупата за резерви каде остана до крајот иако тренерот направи четири измени.

ПСЖ во следното коло на ЛШ игра со Арсенал на гости, додека Џирона е домаќин на Феенорд.

ПСЖ ја контролираше играта во двете полувремиња, па во првиот дел создаде дури шест шанси, додека Жирона немаше ниту еден удар кон противничкиот гол.