Убедлива победа забележа шкотски Селтик, кој со 5-1 (1-0) славеше над дебитантот во елитното друштво Слован Братислава. Словаците имаа кошмарно второ полувреме за заборав во кое „детелинките“ го растурија противникот. Уште во 17. минута, Селтик поведе преку Скејлс, а на самиот старт на вториот дел два брзи гола постигнаа Фурухаши и Ејнџелс. Четвртиот и петтиот гол ги дадоа Маеда и Ида, а почесен стрелец за Слован беше Вимер.
До три бода дојде и Борусија Дортмунд на гости кај Клуб Бриж во Белгија (0-3), благодарение на двата гола на младиот напаѓач Бино-Гитенс. Домашните во 76. минута го примија првиот гол, а десет минути подоцна кога тргнаа по израмнување примија и втор гол и тука натпреварот веќе беше готов. Во екстра-времето беше досуден и пенал за Дортмунд кој го реализира Гираси.
Минимален триумф запиша екипата на ПСЖ против Џирона (1-0).