Барселона треба само да ја потврди титулата во Примера, па со оглед на тоа што е самиот финиш клубот веќе работи на склопување на тим за наредната сезона, поточно со помош на тренерот Чави Ернандес работат на доведување на играчи во летниот преоден рок.
Една од позициите која треба да биде засилена и освежена е средината каде според „Спорт“ неколку играчи се во кокуренција да бидат засилувања. Некои од нив се поскапи, некои поевтина варијанта, а има и такви на кои им истекува договорот и како слободни агенти би можеле да слетаат на „Камп Ноу“.
Во игра се следниве имиња: Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Гуидо Родригез од Бетис, Софијан Амрабат од Фиорентина, Нголо Канте од Челси, Илкај Гундоган од Манчестер Сити, Марсело Брозовиќ од Интер како и Португалците, Бернардо Силва (Манчестер Сити) и Рубен Невеш (Вулверхемптон).
Од сите овие осум опции најмногу се говори за германскиот репрезентативец Гундоган.