Фудбалските пресметки помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во аргентинското првенство секогаш се со многу набој, жестина, борба за секој сантиметар, борба за секоја топка на теренот.
Така беше и на вчерашното дерби на кое Ривер Плата дојде до драматична победа со гол од пенал во 93 минута. Токму по голот на Борха настана вистински хаос, имаше голема нервоза и многу работа за главниот судија кој се реши да додели дури седум црвени картони.
Фудбалерите на двете екипи влегоа во конфликт, па беа исклучени по тројца играчи од двете екипи како и тренерот на Бока, Хосе Алмирон.
Судиското продолжение траеше дури 19 минути што доволно говори за случувањата на стадионот „Монументал“.