Последното коло од Чемпионшип-лигата се одигра денеска, по што стана јасно кои четири екипи ќе се борат за враќање во Премиерлигата.
Екипите на Барнли и Шефилд јунајтед одамна обезбедија место во елитата, а од третата до шестата позиција се наоѓаат Лутон, Мидлсбро, Ковентри и Сандерленд.
Губитник на сезоната дефинитивно е Милвол, кој беше на праг да обезбеди пласман во плејофот, но Блекбурн денеска ги шокира со 4-3 и тоа го искористи Сандерленд.