Фудбалерите на Ал Наср одиграа само реми против Ал Калиј (1-1) во 26. коло од првенството во Саудиска Арабија и не го искористија поразот на Ал Итихад од Ал Тавон (1-2).
Гостите постигнаа гол преку Мартинс во четвртата минута за водство од 1-0, а потоа Гонзалес го врати Ал Наср во игра откако погоди за 1-1 во 17. минута.
Кристијано Роналдо имаше огромна шанса во 61. минута, кога доби подарок од гостинскиот голман. Тој тргна кон голот на гостите, но притоа не се прослави затоа што ја загуби топката и пропадна шансата за нов гол на Ал Наср, а со тоа и чекор кон победата.
Ал Итихад е прв на табелата со 59 бодови, односно три повеќе од Ал Наср на четири кола пред крајот на сезоната.