Евертон го прегази Брајтон и избега од зоната за испаѓање. Аутсајдерот Евертон со 1-5 го шокираше Брајтон на гостински терен во 35. коло од Премиерлигата, а благодарение на оваа победа „карамелите“ избегаа од зоната за испаѓање.
Евертон ја најави победата уште во првото полувреме, кога Докуре постигна два гола за Евертон, а потоа Стил со автогол зголеми на 3-0 за „карамелите“.
Потопот на едно од најпријатните изненадувања сезонава продолжи во 76. минута, кога МекНил погоди за 4-0. Потоа Мекалистер намали на 1-4, а МекНил со својот втор гол ги постави конечните 5-1.
Брајтон останува на седмата позиција со 55 бодови, додека Евертон има 32 бода и се наоѓа на 16. позиција.