На 54-годишна возраст денес во Скопје ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски. Со шок и неверување во новинарските кругови е примена веста дека веќе го нема нашиот колега Зоки.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Екипа“, „Република“, “Македонски спорт” , “Спортмедиа” а од летото 2018 година беше во “Спортманија”.
Како новинар, голем вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани. Меѓу долгата листа настани од кои известуваше, се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за прв пат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.
Почивај во мир Зоки!