Унион Берлин е најголемиот хит во германската Бундес лига, се наоѓа на второ место на табелата, со само еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен.

И самите не можат да поверуваат дека имаат толку добри резултати, и дека се во игра за титулата, а целта им беше опстанок. Ако Унион ги добие сите 14 мечеви до крајот, сигурно ја освојува титулата.

Унион Берлин во елитното германско друштво влезе во 2019 година, а на последните шест меча, победија четири пати во дуели на кои губеа со еден гол разлика. Во 2023 година нижат само победи, навивачите се во транс, лудилото трае, а следен ривал им е последниот Шалке, па се очекува нов триумф.

Во четврток играат против Ајакс во Лига Европа, историски прв меч за берлинци во нокаут фаза во европско натпреварување.