Актуелниот шампион Барселона планира да го засили својот тим во летниот преоден рок главно со играчи на Џирона, пишуваат медиумите во Шпанија.
Според информациите, желби на славниот каталонски клуб се фудбалерите на Џирона-Алеиш Гарсија, Савио Мореира, Јанчел Ерера, Виктор Циганков и Артјом Довбик.
По 21 коло од Ла Лига, тимот на Џирона води на табелата на шпанската лига со 52 бода, еден повеќе од Реал. Куриозитет е што Барселона го сака и тренерот на Џирона, Мичел.
Тој веќе е во преговори и голема е веројатноста да го наследи Чави Хернандез по завршување на сезоната.
Доколку се случи егзодусот од овосезонскиот хит Џирона и Барселона успее да ги обезбеди своите цели, тоа би било огромен удар за симпатичниот каталонски клуб, кој е дел од групацијата на Манчестер Сити.