Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле (24) се ожени во тајност.

За Дембеле во последните денови многу се пишуваше бидејќи некои великани го посакуваат, а Барселона упорно му нуди продолжување на соработката. Тој на крајот изгледа реши и потпиша нов договор и се очекува да биде еден од клучните играчи во составот на Чави во иднина.

Во меѓувреме на интернет се шират снимки и фотографии од Дембеле која се венча во четвртокот и во целосна тајност.
Не се знае многу за настанот, туку само дека се одржал и под муслиманска и под мароканска традиција, бидејќи неговата жена е по потекло од Мароко.

На сликите кои се појавија на интернет не се гледа ниту еден фудбалер на Барселона, туку само дефанзивецот на Дајот Упамекан (23) од Баерн Минхен, со кого Дембеле се познава од француската репрезентација.