Управата на Барселона е сериозно заинтересирана да го ангажира македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е веста која утринава вирално се шири по шпанските медиуми и на социјалните мрежи.

Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6-отсто, па неговата форма очигледно го привлече вниманието на гигантите.

Оваа информација ја сподели новинарот Хозе Алварез, чии информации најчесто се потврдуваат како точни. Каталонците не се задоволни од формата на Тер Штеген и бараат чувар на мрежата кој би бил далеку посигурен.

https://twitter.com/BarcaUniversal/status/1474185390332465152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1474185390332465152%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Freprezentacija%2Fsenzacionalno-barselona-saka-da-go-potpishe-nashiot-stole-dimitrievski