Јамал на само 16 години израсна во голема фудбалска ѕвезда и веќе е незаменлив во стартната постава на Чави Ернандес, но истовремено стана многу важен и за шпанската фудбалска репрезентација.
Јамал не сака да се повтори истото и нагласи дека има само еден приоритет за претстојното лето, а тоа е пласман на фудбалскиот турнир во Германија.
– Нема логика да играм на двата турнири, бидејќи уште од самиот старт кога почнав во Барселона, ми беше предложено да не се трошам премногу и да не играм премногу. За мене е гордост да играм за Шанија.
– Педри за жал е пример за тоа колку фудбалот може да биде суров, тој е пример дека не треба да се форсира на таа возраст. Мислам дека многу работи ќе бидат појасни од тоа како ќе се претставиме на Европското првенство. За мене најважна цел е да бидам на Европското првенство, – открива Ламин.