Ливерпул нема право на кикс до крајот на сезоната, доколку сака да го освои трофејот во Премиер лигата на испраќањето на Јирген Клоп од „Енфилд Роуд“.
„Црвените“ по пауза од една сезона, пак се во трка за шампионската титула во домашното првенство. На натпреварот со Шефилд Јунајтед четата на Клоп поведе со 1-0 и тоа благодарение на противничкиот голман. Хрватот Грбиќ направи катастрофална грешка во 17. минута и, сакајќи да ја уфрли топката во поле, го погоди Дарвин Нуњез и топката заврши зад неговиот грб.
Уругвајскиот напаѓач без да шутне го постигна единаесеттиот овосезонски погодок во Премиер лигата.