Во центар на вниманието беше Никола Јокиќ кој го оствари 129. трипл-дабл, постигнувајќи 36 поени, 17 скока и 10 асистенции, но во последните моменти го промаши шутот за победа. Последната акција не беше добро изведена, Јокиќ мораше сам да ја пренесе топката за четири секунди и притоа да најде позиција за шут во што не успеа комплетно. Шутна од 8-9 метри, преку човек, а топката заврши во обрачот.

 

Српскиот ас Јокиќ немаше соодветна помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Гордон со 18 поени. За одбележување е и тоа што српскиот центар ноќеска ја помина границата од 14.000 поени во дресот на Денвер Нагетс, односно во НБА лигата.

Кај Клиперс, Пол Џорџ беше најефикасен со 28 поени, Харден додаде 20, а Зубац оствари дабл-дабл со 14 поени и 15 скока. Денвер повторно го загуби првото место во Западната конференција на кое сега е Минесота, но Вулфс имаат меч помалку и ако вечерва загуби на гости од Феникс, двете екипи повторно ќе се израмнат. Во конкуренција е и Оклахома која исто така има натпревар помалку од Денвер и заостанува една победа.