Кошаркарите на Олимпија Милано со победа против Партизан со 85-83 останаа во трка за нокаут-фазата во Евролигата.

Голема битка се водеше меѓу двете екипи во салата во Милано, а на крајот домаќините имаа повеќе среќа и остварија важна победа.

АБА-првакот и италијанскиот шампион во целост го оправдаа епитетот дерби на денот во Евролигата. Во Милано се играше израмнета кошарка во текот на сите четириесет минути, а на крај се чини среќата им се насмевна на домашните кошаркари.

Во составот на Партизан најдобар поединец беше Аврамовиќ со 19 поени, додека за Милано се истакна Миротиќ со 19 поени. Шпанскиот центар беше под знак прашалник за настап на овој натпревар, но собра сили и беше вистински лидер во победата на својот тим.

 

И покрај поразот „црно-белите“ остануваат на десеттата позиција (13-15), последна која што води во плеј-офот, додека Милано со скор 12-16 останува во игра за пласман во разигрувањето.

Басконија без многу проблеми ја скрши Алба Берлин со 88-71, додека Панатинаикос го совлада Асвел со 85-67.