Ентони Џошуа во втората рунда од спектакуларниот дуел го нокаутира Френсис Нгану, но по борбата испрати моќна порака и покажа дека е голем спортист.
Нгану го почна мечот агресивно, но потоа изгуби здив, а Џошуа возврати и дури двапати го испрати на подот пред да го „разнесе“ со силен удар во втората рунда.
„Кога ја видов борбата меѓу Френсис и Фјури дознав дека сака да се бори. И сакав да бидам дел од тоа. Тој е инспирација за многумина. Нгану е голем шампион и ова ништо не одзема од неговите способности. Му кажав дека не треба да го напушти боксот затоа што може добро да се бори. Ова е добра работа за боксот“, кажа Џошуа.