Боксерската трилогија во тешка категорија WBC заврши синоќа во Лас Вегас. Тајсон Фјури ја одбрани титулата со нокаут над Деонтеј Вајлдер .

Конечно е завршено едно од најголемите ривалства во светот на боксот. Тајсон Фјури ја одбрани титулата на WBC во тешка категорија со нокаут во третиот меч против Деонтеј Вајлдер.

Мечот во Лас Вегас заврши во 11 рунда кога Фјури конечно ја искористи предноста што ја градеше во текот на целиот натпревар во кој дефинитивно беше подобар и супериорен борец. Најдобриот момент за Вајлдер се случи во четвртата рунда.

Тогаш Американецот двапати го испрати Фјури на паркетот, но „Циганскиот крал“ се опорави од тоа и ја презеде контролата врз рингот и оттогаш до крајот на мечот трипати го собори Вајлдер.

Вајлдер стануваше се повеќе уморен и се бореше со разорните удари, а еден од оние го погоди со предниот десен директ дел веднаш по клинчот,по кој Вајлдер веќе не стана и не го продолжи мечот, а Фјури ја слави 31 -та победа во 32 -от натпревар во кариерата и сеуште е непоразен.

ВИДЕО