На стадионот Синобо во Прага, можеби беше виден најскандалозниот гол во квалификациите, а трагичар беше голманот на Велс, Дени Ворд.
Ворд навистина направи катастрофална грешка на почетокот на второто полувреме, сакаше да смири една топка во стил на најдобрите мајстори, но на крајот само се посрамоти.
Арон Ремзи одигра повратно додавање, а топката ја мина ногата на Ворд и заврши во мрежата заедно со голманот на репрезентацијата на Велс.
Интересно, Велшанецот број еден успеа да ја стигне топката, но таа ја погоди стативата, се одби од неа и заврши во мрежата. Да се прими таков гол на толку важен натпревар е навистина шокантно.
На крајот, Велшаните успеаја да израмнат, а Вард некако може да здивне благодарение на поддршката од навивачите што ја доби од трибините по натпреварот.
ВИДЕО
https://www.youtube.com/watch?v=vssCJu2EpGg