Ракометарите на Магдебург направија изненадување во финалето на светското клупско првенство Супер Глоуб, откако славеа против фаворитот Барселона со 33-28 (19-16). Шпанскиот тим е најтрофеен во ова натпреварување, а и во пресрет на ова финале беше фаворит. Сепак, Германците одиграа неверојатен натпревар, одиграа одлично во клучни моменти и првпат го грабнаа трофејот.
Магдебург иако губеше во поголемиот дел од првото полувреме со серија од 5:0 го презеде водството па на пауза замина со плус 3 или 19-16.
Магдебург одржуваше предност, а Барселона единствено што успеа да направи беше да се приближи на -2 негатива и тоа беше недоволно за да го направи финишот поинтересен бидејќи Магдебург се одлепи на недостижни +8.
Најрасположен за игра во победничкиот табор беше Омар Инги Магнусен кој реализираше седум пати, додека му помогна Вебер со пет. Кај Барселона десет погодоци постигна Дика Мем, а Абело Гомез седум.