Норвешка ја победи Словенија со 26-23, и се пласира во полуфиналето на Европското првенство во ракомет за жени.
Овој меч се играше во Љубљана, а и полуфиналето и финалето се играат во главниот град на Словенија, па Норвешка ќе биде како домаќин. Во полуфиналето можеби ривал ќе им биде Црна Гора, која првата групна фаза ја играше дома во Подгорица, а втората фаза ја игра во Скопје.
Норвешка е бранител на титулата, но вечерва после голема борба, тешко ја победи Словенија. Сепак, Хени Ела Рејстад со 10 гола ја одведе својата селекција до нови два дуели за медал.