Шведска имаше одличен старт на мечот и водство од 4-1, по што нивното водство се зголеми на 6-2 во 10. минута од натпреварот. Македонските ракометарки почнаа да се будат по 23. минута, кога влегоа во одлична серија и до израмнување стигнаа во 26. минута (9-9).
Македонија играше одлично и стигна до два гола водство на полувремето (12-10), но потоа следеше период во кој нападите на двете репрезентации не беа многу расположени.
Ракометарките на Македонија постигнаа само три гола по 17 минути игра во вториот дел, па тоа ѝ дозволи на Шведска да го преземе водството (16-15), а големата битка се водеше до самиот крај.
Швеѓанките во последната минута постигнаа гол за предност од 20-19, но сепак Дукоска ѝ донесе на Македонија бод во последните неколку секунди (20-20).
Дукоска и Велкова беа најефикасни во македонскиот состав со по три гола, додека Јовановска запиша 11 интервенции.
Со овој бод Македонија останува во игра за четвртфинале, а тоа ќе се решава на дуелот против Исланд в петок, додека Шведска ќе се соочи против Иран, па сите математики се отворено.