Навивачите на АИК Стокхолм се многу почитувани во Европа и особено во светот на Ултрасите, односно на најзагреаните симпатизери на фудбалската игра, па Шкендија утре ќе игра во прекрасен амбиент против шведскиот клуб.
На „Френдс арена“ во Стокхолм знае да биде пеколно за гостинските екипи, а особено незаборавни се дуелите и атмосферата на градското дерби меѓу АИК и Ѓургарден кое е најголемо во Шведска и меѓу најзначајните во Скандинавија.
Френдс арената во Солнок е со капацитет од нешто повеќе од 50 илјади гледачи за интернационални натпревари.
Првиот дуел од двомечот во третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА меѓу АИК и Шкендија ќе се игра утре од 19 часот.