Лучано Спалети ќе треба сериозно да размисли Елмас да има улога на стартер, зашто само 630 минути има македонскиот репрезентативец досега, но кога добива шанса од почеток очигледно е вистински ѕвер поради статистиката која открива сѐ. Во пет меча има директно учество во гол по меч кога игра, дали со погодок или асистенција.
И ова е негова голгетерски најефикасна сезона, после ланските три гола во Серија А и пет асистенции во 37 настапи за наполитанците од вкупно седум гола и шест асистенции (четири гола и асистенција во Лига Европа).
Елмас само на еден меч против Специја каде играше 75 минути во победата со 1-0 не даде гол или не запиша асистенција, додека во другите четири со Лече (56 минути), Аталанта (90 минути) и Сампдорија (87 минути) даде по гол, а против Удинезе (90 минути) имаше гол и асистенција во досегашните пет меча во првите 11 кај Спалети.