Лука Модриќ и Тони Крос, освен што се едни од најдобрите играчи за врска кои некогаш играле фудбал, а исто така и одлични пријатели и соиграчи кои до сега прославиле многу титули. Така беше и синоќа откако судијата го означи крајот на финалето на Лигата на шампионите и потврди дека Реал стигна до нова, дури 14-татитула во Лигата на шампиони во својата историја.
Веднаш по судискиот свиреж, фудбалерите на Реал почнаа да слават. Некои паднаа на колена и плачеа, некои со насолзени очи трчаа во прегратките на своите најблиски, а некои завршија на тревникот со главите во тревата.
Овој момент го забележа Лука Модриќ кој веднаш притрча кон него, а потоа бурно прославија, гушкајќи се и веројатно извикувајќи ги сите можни пофалби кои им паднале на памет во тој момент.